Џонатан Едвардс (теолог)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џонатан Едвардс (5 октомври 1703 - 22 март 1758 ) бил проповедник, теолог и мисионер кај домородните Американци. Едвардс е „општо признаен како најважен и оригинален филозофски теолог во Америка“ и еден од најголемите Американски интелектуалци. Теолошката работа на Едвардс има широк обем, но тој често е поврзуван со неговата одбрана на реформираната теологија, метафизиката на теолошкиот детерминизам и пуританското наследство. Неодамнешните истражувања нагласуваат колку темелно Едвардс ја засновал својата работа врз концепциите за убавина, хармонија и етика и колку централно место заземало просветлувањето во неговиот начин на размислување. Едвардс одигра критичка улога во формирањето на Првото големо будење, и ги предвиде некои од првите знаци на преродба во 1733-1735 во неговата црква во Нортхемптон, Масачусетс. Едвардс ја предаде беседата “Грешници во рацете на лутиот Бог‘‘, класично дело од раната американска книжевност за време на вториот бран на преродба во 1741, следејќи ја “Тринаесетте колонии‘‘ на Џорџ Витфилд. Едвардс е широко познат по неговите бројни книги: Крајот за кого Бог го создал светот; Животот на Давид Брејнерд, кои послужија како инспирација на илјадници мисионери низ XIX век; и Религиски наклоности, која многумина реформирани евангелисти ја читаат и денес. Едвардс почина од вакцина против мали сипаници кратко после неговото назначување за претседател на Колеџот во Њу Џерси(подоцна именуван како Принстон) и беше дедо на Арон Бур.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |