Арп 273
група заемоделувачки галаксии / From Wikipedia, the free encyclopedia
Арп 273 — пар заемоделувачки галаксии на далечина од 300 милиони светлосни години, во соѕвездието Андромеда. За првпат се заведени во Атласот на необични галаксии составен од американскиот астроном Халтон Арп во 1966 г.[2] Поголемата галаксија UGC 1810 е петпати помасивна од помалата.[3] Дискот ѝ е плимно изобличен налик на роза од гравитациската влеча на нејзината придружна галаксија — UGC 1813. Помалата галаксија покажува јасни знаци на ѕвездородност во јадрото,[4] и се смета дека помалата всушност има поминато низ поголемата[5]
Кратки факти Положба, Податоци од набљудување ...
Арп 273 | |
---|---|
Слика на Арп 273 направена со „Хабл“ | |
Соѕвездие | Андромеда |
Епоха | J2000 |
Положба | |
Ректасцензија | 02ч 21м &1000000000002870300000028,703с[1] |
Деклинација | +39° 22′ &1000000000000326500000032,65″[1] |
Податоци од набљудување | |
Физички податоци | |
Оддалеченост | 300 мил. |
Историја | |
Откривач | Халтон Арп |
Откриена | 1966 |
Други ознаки | UGC 1810, PGC 8961, VV 323, Z 523-28, Арп 273, 2MASX J02212870+3922326, VV 323a, CGPG 0218.4+3909, MCG+06-06-023, ZW V 223,KPG 64a, UZC J022128.6+392231, Z 0218.4+3909[1] |
Затвори