Битка кај Куманово (1912)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката кај Куманово претставува прв поголем вооружен судир во Првата балканска војна меѓу српската и турската војска на 23 и 24 октомври 1912 година.
Повеќе информации Битка кај Куманово, Датум ...
|
||||||||||||||||||||||||||||||
Затвори
Во српската војска имало повеќе четнички одреди составени од македонско население, како и месни селски чети. Во турската војска, исто така, имало македонско население, особено во редифските, т.е. во резервните формации. Според планот на српската Врховна команда, првата битка со турската војска била предвидена да се води во реонот на Овче Поле, претпоставувајќи дека тука се концентрирани главните турски сили.