Византиска морнарица
историска статија за морнарицата на Византија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Византиска морнарица или источноримска морнарица — збирен поим за поморските сили на Византија. Како и на царството кое ја користело, таа била директно продолжување на традицијата на римската морнарица, но имала голема улога во одбраната и зачувувањето на државата за разлика од нејзиниот претходник. Додека флотите на обединетото Римско Царство се соочувале со поголеми морски закани, функционирајќи како полициска сила биле мошне послаби во моќ и престиж од легиите, морето било пак од голема важност за опстанокот на источниот дел на царството, па така некои научници ја нарекуваат и „поморско царство“.[5][6]
Византиска морнарица | |
---|---|
Учесник во Јустинијановите војни,Византиско-арапските војни,Византиско-бугарските војни, Византиско-руските војни, Византиско-норманските војни, Крстоносните војни и Византиско-османлиските војни | |
Период на делување | 330–1453 |
Водачи | Византиски цар (врховен командант) друнгариј и тематски стратег (VIII–XI век), мега дукс (по 1092 година) |
Седиште | Цариград |
Подрачје на делување | Средоземно Море, Дунав, Црно Море |
Бројност | околу 42.000 луѓе во 899 г.[3] ~300 бродови в IX-X в.[4] |
Дел од | Византија |
Претходник | Римска морнарица |
Сојузници | Венеција, Џенова, Пиза, Крстоносни држави, Ајдиниди |
Противници | Вандали, Остроготи, пирати од Калифатот и сараценски пирати, Словени, Бугари, Руси, Нормани, Џенова, Венеција, Пиза, Крстоносни држави, Селџуци, Анадолски бејлици, Османлии |
Првата закана за Рим во Средоземјето била заканата од вандалите во V век, но нивната закана била отстрнета во војните на Јустинијан I во VI век. Воспоставувањето на постојано одржувана флота и воведувањето на дромонот галија во тој период го означува моментот кога византиската морнарица почнала да се одвојува од нејзините римски корени и да развива сопствен карактеристичен идентитет. Овој процес забрзал со започнувањето на муслиманските освојувања во VII век. По загубата на Левант а подоцна и Африка, Средоземното Море било трансформирано од „римско езеро“ во поморско боиште меѓу Византијците и Арапите. Во овие борби, византиската флота била критична, не само за одбраната на далечните поседи на царството околу Средоземјето, туку и за одбивање на нападите на главниот град. Притоа бил употребен штотуку измислениот „течен оган“, најстрашното и најпознатото оружје на византиската морнарица, и токму со ова оружје Цариград бил спасен од опсади и во бројни поморски битки биле извојувани победи.
Првично, одбраната на крајбрежјето и приодите до Цариград биле чувани од големата флота Карабисијан. Понатамошно истата била поделена во неколку регионални флоти, додека во главниот град била централната флота, која го заштитувала градот и го образувала јадрото на поморските експедиции. Кон крајот на VIII век, византиската морнарица, добро организирана и одржувана сила повторно станала доминантна поморска моќ во Средоземјето. Непријателството со муслиманските морнарици продолжил со променлив успех, но во X век, византијците успеале повторно да ја наметнат својата моќ во срдоземјето.
За време на XI век, морнарицата, како и самото царство, почнле да слабеат. Засегнати со нови поморски закани од запад, византијците морале да се потпрат на морнариците на италијанските градови држави како што била на пример Венеција и Џенова, што имало катастрофални последици на византиската економија и суверенитет. Периодот на обнова под владение на Комнините бил следен со уште еден период на слабеење, што кулуминирал со катастрофалното распаѓање на царството за време на Четвртата крстоносна војна во 1204 година. Откако царството било возобновено во средината на XIII век, поточно во 1261 година, неколку цареви на Палеолошката династија се обиделе да ја возобноват морнарицата, но нивните напори дале само привремен успех. Кон средината на XIV век, византиската флота, која некогаш можела да постави стотина бродовви на море, сега била ограничена само на неколку дузина бродови, и контролата на Егејот минала во рацете на италијанските и османлиските морнарици. Смалената морнарица, сепак, продолжила да биде активна сè до падот на Византија под османлиско владение во 1453 година.