Византиски сенат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Византискиот сенат или Сенатот на Источото Римско Царство (грчки: Σύγκλητος, Synklētos, или Γερουσία, Gerousia) го поседува континуитетот на Римскиот сенат. Основан e во IV век од страна на Константин Велики.
Сенатот на источното Римско Царство изворно се состоел од римски сенатори, кои живееле на истокот на царството, или од оние што се преселиле во Цариград и од бирократи кои биле назначени во Сенатот. Константин Велики им нудел бесплатно земјиште на римските сенатори кои биле подготвени да се преселат на Исток. Кога Константин го основал сенатот во Византиум, тој првично наликувал на советите на поголемите градови како Антиохија, наместо на Римскиот сенат.[се бара извор] Неговиот син Констанциј II ја подигнал позицијата на Сенатот на ниво на царски сенат кој во Цариград ограничена моќ, исто како во и Сенатот во Рим. Констанциј II го зголемил бројот на сенаторите до 2000 вклучувајќи ги тука и неговите пријатели, дворјани и разни провинциски официјални лица.