Виолета Сабо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Виолета Сабо (фр. Violette Szabo; Париз, 26 јуни 1921 — Концентрационен логор Равензбрик кај Фирстенберг, 5 февруари 1945 ) — француско-британски агент на Управата за специјални операции (SOE) во текот на Втората светска војна. Пред крајот на војната Гермаците ја заробиле, испрашувале и на крајот ја депортирале во Концентрациониот логор Равензбрик, каде е убиена. Посмртно е одликувана со британскиот орден Џорџов крст, францускиот ордено Воен крст 1939–1945 и Медалот на Движењето на отпорот.