Виру (народ)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Виру или Вирци (Виру: võrokõsõq; естонски: võrukesed, фински: võrolaiset) ― жители на историскиот регион Вирума (Vana Võromaa), регион во југоисточна Естонија (областите Виру и Пилва се протегаат до областите Валга и Тарту). Овој поим особено е користен за да се нагласи регионалниот идентитет. Околу 70.000 луѓе живеат во историскиот регион Вирума, но има многу кои се идентификуваат како членови на оваа заедница иако живеат надвор од територијата. Повеќето од нив се во Тарту и Талин.