Вишеградска група
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вишеградската група, е културна и политичка алијанса на четири средноевропски држави[1] - Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, кои се членки на Европската Унија (ЕУ) и НАТО - со цел унапредување на меѓусебната воена, културна, економска и енергетска соработка со понатамошна нивна интеграција во ЕУ.[2]
Вишеградска група |
||||
---|---|---|---|---|
|
||||
Членки на Вишеградската група Други земји-членки на Европската Унија
|
||||
Членство |
Групата води потекло од самитот на водачите на Чехословачка, Унгарија и Полска во унгарскиот град Вишеград на 15 февруари 1991. Локацијата била избрана како намерна алузија на средновековниот Вишеградски собир во 1335 помеѓу Јован I од Бохемија, Карло I од Унгарија и Казимир III од Полска.
По распадот на Чехословачка во 1993, Чешка и Словачка станале засебни членки на групата. Сите четири земји-членки на Вишеградската група станале членки на ЕУ на 1 мај 2004.