Волута
From Wikipedia, the free encyclopedia
Волута е спирален, завиен орнамент кој го карактеризира јонскиот стил, и го среќаваме на капителот на јонскиот столб. Подоцна е инкорпориран во капителите на Коринтскиот стил и Композитниот стил.[1] Волутата е мотиф кој поради својата универзалност се користи во различни домени на уметноста и низ сите наредни периоди. Овој антички елемент се презема и во ренесансната и барокна архитектура, а подоцна станува и главен дел од неокласицистичките и еклектичните стилови на 19-от век.
Зборот потекнува од латинскиот voluta („извивка"). Се смета дека формата е инспирирана од природата - цветовите или лисјата на растенијата или кривината на роговите на овенот, а можеби има само геометриска позадина на развиена спирала. Елементот го анализира и објаснува Витрувие во неговото истражување на класичната архитектура, и создава метод на исцртување на неговата комплексна геометрија.