Георг Кантор
германски математичар, изумител на теоријата на множествата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Георг Кантор (Georg Cantor; 3 март 1845 Петроград, 6 јануари 1918 ) бил германски математичар и создавач на Теоријата на множествата. Тој е прв кој систематски ги истражувал бројните системи, рационалните и реалните броеви, како заокружени ентитети или множества. Тоа постигнување го довело до изненадното откритие дека сите бесконечни множества немаат иста големина. Доказ за ова е Канторовата дијагонална постапка. Докажал дека колку што има рационални броеви има исто толку и природни, односно овие две множества ( и ) имаат иста кардиналност (доказ дека рационални броеви има изброиво многу е Канторовото пребројување на множеството Q) Исто така докажал дека таквa прикладност нема кај многу поголемото множество на ирационални броеви, па тоа е множество кое не може да се преброи.
Георг Кантор | |
---|---|
Роден(а) | Георг Фердинанд Лудвиг Филип Кантор 3 март 1845 Петроград, Руска Империја |
Починал(а) | 6 јануари 1918
Хале, Саксонија, Германско Царство |
Живеалиште |
|
Националност | Германец |
Полиња | Математика |
Установи | Универзитет во Хале |
Образование |
|
Теза | „De aequationibus secundi gradus indeterminatis“ (1867) |
Докторски ментор |
|
Познат по | Теорија на множествата |
Сопружник | Вали Гутман (в. 1874) |
Истражувањето го крунисува со класицикација на трансконечните броеви кои претставуваат стенен на бесконечноста и се означуваат со 0,1 (алеф 0,алеф 1...).
Критиките за неговата работа подоцна преминале во пофалби. Во 1904 од страна на Кралското друштво му е доделен медалот Силвестер кој претставува највисоко признание кое можело да се додели за работа во полето на математиката. Се претпоставува дека Кантор верувал дека неговата теорија за трансконечните броеви го поврзувала со Бог. Дејвид Хилберт го бранел од критиките со изјавата „Никој не може да не избрка од рајот кој Кантор го создаде“.