Дозиметар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дозиметар — мерен инструмент кој се користи за заштита на луѓето кои работат во области со силно јонизирачко зрачење, особено во постројки или институции каде што се користат силни извори на радиоактивност. Дозиметарот е направа што работникот ја има на себе. Обично се држи на градите и не треба да се покрива со ткаенина или на кој било начин да се „скрие“, бидејќи на тој начин се намалува количината на воздух што треба да ја регистрира. Каде што се движи човек, со него оди и дозиметарот. Дозиметарот има способност да го регистрира вкупното зрачење, односно впиената доза на зрачење што ја примило лицето.[1]
Дозиметријата е мерење и пресметување на енергијата што се пренесува со зрачење на супстанции, проучување на влијанието на различните видови јонизирачко зрачење врз супстанциите, ткивата и органите и мерење на брзината на распаѓање на радиоактивниот материјал. Величините што ја опишуваат изложеноста на супстанцијата на јонизирачко зрачење и ефектите (оштетувањата) предизвикани од енергијата на зрачењето се, на пример, впиената доза, делотворната доза и еквивалентната доза, а брзината на распаѓање на радиоактивната супстанција ја опишува активноста на радиоактивен извор.[2]