Зоран Ѓинѓиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зоран Ѓинѓиќ (српски: Зоран Ђинђић) (Шамац, 1 август 1952 — Белград, 12 март 2003 ) — српски политичар, Премиер на Србија од 2001 година до неговиот атентат во 2003 година, Градоначалник на Белград во 1997 година и долгогодишен опозициски политичар и доктор по филозофија.
Зоран Ѓинѓиќ PhD | |
---|---|
Зоран Ѓинѓиќ | |
6-ти Премиер на Србија | |
На должноста 25 јануари 2001 – 12 март 2003 | |
Претседател | Милан Милутиновиќ Наташа Миќиќ (во служба) |
Претходник | Миломир Миниќ |
Наследник | Зоран Живковиќ |
67-ми Градоначалник на Белград | |
На должноста 21 февруари 1997 – 30 септември 1997 | |
Претходник | Небојша Човиќ |
Наследник | Воислав Михајловиќ |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1 август 1952(1952-08-01) Босански Шамац, НР Босна и Херцеговина, Југославија |
Починал(а) | 12 март 2003(2003-03-12) (возр. 50) Белград, Србија и Црна Гора |
Националност | Србин |
Партија | Демократска партија на Србија |
Сопружник | Ружица Ѓинѓиќ (в. 1990–2003) |
Деца | Јована Лука |
Установа | Белградски универзитет Констанц |
Потпис |
Ѓинѓиќ бил еден од првите тринаесет реставратори на современата Демократска партија на Србија, станувајќи нејзин претседател во 1994 година. Во текот на 1990-тите, тој бил еден од ко-водачите на опозицијата на власта на Слободан Милошевиќ и станал Премиер на Србија во 2001 година по соборувањето на Милошевиќ. Како премиер, тој се залагал за продемократски реформи и интеграција на Србија во европските структури. Тој бил убиен во 2003 година од страна на Ѕвездан Јовановиќ, поранешен специјален оперативец со врски со српската мафија.