Катедрала во Комо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ (италијански: Cattedrale di Santa Maria Assunta), попозната како Катедрала во Комо (Duomo di Como) — главна црква во градот Комо, Италија. Оваа катедрала во исто време е мајкатата црква на Комската епархија.
Локацијата на катедралата е во близина на езерото и претставува еден од најзначајните споменици на поширокиот реон на северна Италија. Во внатрешноста на катедралата постојат уметнички дела во вид на таписерии со потекло од XVI и XVII век, изработени во градовите Ферара, Фиренца, дури и од Брисел. Како украсни детали постојат и слики со потекло од 16 век изработени од страна на Бернардино Луини и Гауденцио Ферари.