Кеплер-1520
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кеплер-1520 (KIC 12557548) — портокалово џуџе во соѕвездието Лебед. Ѕвездата е особено важна, според податоците добиени од вселенското летало Кеплер укажуваат дека промената на ѕвездената светлинска крива опфаќа распон од блокирање на светлината од 0,2% до 1,3%.[2] Ова пак може да е планета во распад, предвидување кое не е потврдено, во орбита околу ѕвездата, губејќи маса од 1 Земјина маса на секои милијарда години.[2] Самата планета е со маса од 0,1 Земјини маси,[8] или двојно поголема маса од Меркур, аи се очекува да се распадбе во текот на 100[8]-200 милиони години.[2] Планетата е во орбита на ѕвездата на секои 15,7 часа,[2] на растојание од неколку ѕвездени пречници од површината на ѕвездата,[9] и има проценета делотворна температура од околу 2.255 K.[8] Орбиталниот период на планетата е ден од најкусите кои се забележани во историјата на вонсончевата планетарна потрага.[10] Во 2016 година, планетата беше потврдена од податоците добиени од мисијата Kepler.
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 23м &1000000000051889900000051,8899с[1] |
Деклинација | +51° 30′ &1000000000000169800000016,98″[1] |
Прив. величина (V) | 16.7[2] |
Особености | |
Спектрален тип | K4V[3] |
Привидна величина (V) | 16,7[2] |
Привидна величина (J) | 14,021 ± 0,035[4] |
Привидна величина (H) | 13,433 ± 0,035[4] |
Привидна величина (K) | 13,319 ± 0,035[4] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: 0,321 ± 0,065[1] млс/г Дек.: 11,146 ± 0,055[1] млс/г |
Паралакса (π) | 1.6167 ± 0.0302[1] млс |
Оддалеченост | 2.020 ± 40 сг (620 ± 10 пс) |
Апсолутна величина (MV) | 7,6[2] |
Податоци | |
Маса | 0,76 ± 0,03[5] M☉ |
Полупречник | 0,71 ± 0,026[5] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 4,610+0,018 0,031[5] |
Сјајност | 0.14[2] L☉ |
Температура | 4.677+82 71[5] K |
Вртење | 22,91 ± 0,24 дена[6] |
Старост | 4,47[5] Гг. |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KIC | — податоци |