Корпорација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Корпорација е бизнис здружение, пријавено како посебен правен субјект со свои овластувања и обврски кои се разликуваат од оние на нејзините членови. Постојат многу различни форми на корпорации, од кои повеќето се користат за водење бизнис.
- Оваа статија е за деловни корпорации. За други значења, погледнете Корпорација (појаснување).
Корпорациите се производ на Законот за трговски друштва чии правила ги балансираат интересите на оние кои управуваат со корпорациите, доверителите, акционерите и вработените кои придонесуваат со својот труд.
Важна (но не и општа) одлика на една корпорација е ограничената одговорност. Ако една корпорација пропадне, акционерите единствено ризикуваат да ги изгубат своите инвестиции, вработените да ги изгубат своите работни места, но никој не е одговорен за долговите на доверителите на акционерското друштво.
Иако не се физички лица, според законот, корпорациите имаат права и обврски како физички лица (“луѓе”). Корпорациите можат да ги користат човековите права против поединци и државата, и се често одговорни за повреда на човековите права.Исто како што се “раѓаат”, преку добивање дозвола за основање на нејзините членови, така можат и да “умрат” со “распуштање” на истите со законска постапка, судски налог или доброволно, од страна на акционерите на корпорацијата. Стечај може да води кон “смрт” на корпорацијата кога доверителите, со помош на судски налог, бараат ликвидација и распуштање на корпорацијата, но најчесто резултира со преструктуирање на истите. Корпорациите дури можат да бидат осудувани за кривични дела, како што се измама и убиство.
Иако Законот за трговски друштва се разликува во различни правосудства, постојат четири основни одлики на деловните корпорации:
- Статус на правно лице
- Ограничена одговорност
- Преносливи акции
- Централно управување од страна на Одбор на директори