Косовска битка (1915)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Косовска операција или битка на Косово— трета голема битка во историјата која се одвила на Косово Поле, која се одвила помеѓу 10 ноември 1915 до 4 декември 1915 година. Српскиот пораз во оваа битка довело до српско повлекување преку Албанија.
Косовска битка | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Србија во Првата светска војна | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Бугарија Германија Австроунгарија | Србија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Никола Жеков Константин Жостов Климент Бојаџиев Георги Тодоров Аугуст фон Макензен Макс фон Галвиц Херман Кевеш | Радомир Путник Живојин Мишиќ Степа Степановиќ Павле Јуришиќ Штурм |
||||||
Сила | |||||||
1-ва Бугарска армија; 2-ра Бугарска армија 11-та Германска армија 3-та армија: 156,000 војници [1] | 150,000 [2] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
мали | 30,000 |
Битката започнала со напад на Јужна Морава од страна на Бугарската Прва Армија и завршила со целосен пораз на српската армија. Главниот удар го направила Првата армија во правец на Ниш-Приштина. За 2 дена, српската војска го освоила Прокупље, каде што се појавил и краткотраен отпор.
Во голема мера побројна српска војска се повлекла. Србите се обиделе со очаен противнапад кон Врање и Куманово за да им се придружат на англо-француските војници, но повторно биле поразени. Шестата и деветтата пешадиска дивизија на Првата армија лесно ја освоила Приштина на 24 ноември. Тогаш целокупната бугарска армија, поддржана од север со делови од 11-тата германска армија и австроунгарска трета армија започнала целосен напад. Битката завршила на 4 декември кога Дебар бил освоен. Србите изгубиле 30.000 војници и огромна количина на друга воена опрема. Српската војска потоа се повлекла во Албанија, а на крајот била пренесена на грчкиот остров Крф.