Механика на цврстите тела
From Wikipedia, the free encyclopedia
Механиката на цврстите тела е гранка на механиката на континуумот која го проучува однесувањето на цврстите материјали, особено нивното движење и деформација под дејство на сили, температурни промени, фазни промени, како и други надворешни или внатрешни дејства.
Механиката на цврстите тела е фундаментална за градежништвото, аерокосмичкото инженерство, јадреното инженерство, биомедицинското инженерство и машинството, геологијата, и за многу други гранки на физиката, како што е науката за материјали.[1] Таа има специфична примена во многу други области, како што е разбирањето на анатомијата на живите суштества, дизајнот на забните протези и хируршките импланти. Една од најчестите практични употреби на механиката на цврстите тела е во Ојлер-Бернулиевата равенка на греда. Механиката на цврстите тела обемно ги користи тензорите за да ги опише стресовите, нивните видови и односот меѓу нив.