Мишел Мајор
швајцарски астроном / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мишел Мајор (француски изговор: [miʃɛl majɔʁ]; 12 јануари 1942 )[1] — швајцарски астрофизичар и професор во пензија на Женевскиот универзитет на отсекот за астрономија.[2] Тој се пензионирал во 2007 година, но и понатаму е активен истражувач при Женевската опсерваторија. Тоје содобитник на Нобеловата награда за физика во 2019 година заедно со Џим Пиблс и Дидје Кело,[3] наградата Виктор Амбарцумјан во 2010 година,[4] и добитник е на наградата Кјото во 2015 година.
Мишел Мајор | |
---|---|
Мајор во 2012 година | |
Роден(а) | Мишел Густав Едуард Мајор 12 јануари 1942(1942-01-12) (82 г.) Лозана, Швајцарија |
Полиња | Астрофизика |
Установи | Женевски универзитет |
Теза | „Кинематичките својства на ѕвезди во близина на Сонцето: можна поврзаност со галактичката спирална структура.“ (1971) |
Докторанди | Дидје Кело |
Познат по | Откривањето на првата планета во орбита околу нормална ѕвезда, 51 Пегаз |
Поважни награди | Награда „Жул Жансен“ (1998) Шоова награда (2005) Волфова награда (2017) Нобелова награда за физика (2019) |
Заедно со Дидје Кело во 1995 година, ја откриле 51 Пегаз b, првата вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето, 51 Пегаз.[5] За ова нивно шпостигнување, тие се наградени со Нобеловата награда за физика во 2019 година „за откривањето на вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето“.[6] Надоврзувајќи се на откритието, Мајор укажува дека луѓето никогаш нема да се населат на овие вонсончеви планети бидејќи истите се „многу,многу далеку ... [и ќе бидат потребни] стотици милиони денови користејќи ги моменталните начини на транспорт кои се достапни денес“.[7] Сепак, поради откритијата на Мајор, потрагата за вонземјена комуникација од вонсончевите планети е попрактично од она што се мислелов во минатото.[8]
Мејор магистрирал физика на Лозанскиот универзитет (1966) а докторирал астрономија при Женевската опсерваторија (1971). Неговиот труд имал дел наречен „Есеј за кинематичките својства на ѕвездите во близина на Сонцето: можна поврзаност со галактичката спирална структура.“ Тој бил истражувач при Институтот за астрономија при кембричкиот универзитет во 1971 година. Подоцна, тој своите неработни семестри ги поминувал при Европската јужна опсерваторија (ЕЈО) во северот на Чиле и Институтот за астрономија при Хавајскиот универзитет.[9]