Никола Коперник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Никола Коперник (полски: Mikołaj Kopernik; Торуњ, 19 февруари 1473 – Фромборг, 24 мај 1543 ) — полски астроном, кој прв ја изнел современата варијанта на теоријата за хелиоцентричниот (со сонцето како негов центар) сончев Систем, во неговата епохална книга „De revolutionibus orbium coelestium" („За движењето на небесните топки“). Коперник е роден во градот Торуњ, Кралска Прусија, автономна покраина на Кралството Полска. Се школувал во Полска и Италија, животот претежно го поминал работејќи во Фромборк, Кралска Прусија, каде што и починал.
Никола Коперник | |
---|---|
Портрет од 1580 година | |
Роден(а) | 19 февруари 1473(1473-02-19) Торуњ, Полска |
Починал(а) | 24 мај 1543(1543-05-24) (возр. 70) Фромборк, Полска |
Полиња | математика, астрономија, канонско право, медицина, економија |
Познат по | хелиоцентризам |
Потпис |
Коперник бил еден од најголемите полихистори на своето време. Бил математичар, астроном, правник, физичар, учител, управник, функционер, дипломат, економист и војник.
Покрај својата ангажираност и различни интереси, тој ја сметал астрономијата за негова вокација. Неговата теорија дека Сонцето, а не Земјата, е центар на Вселената, се смета за една од најважните и решавачките за понатамошниот развој на астрономијата, вклучително се смета и за една од најважните теории за човештвото. Таа теорија, со своето доаѓање, ги поставува темелите на модерната астрономија и ги охрабрува младите научници, астрономи и учители да пристапат со поголема скепса кон дотогашната догма.