Нова Земја
руски архипелаг во Северноледениот Океан / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нова Земја (руски: Новая Земля) — архипелаг во Северноледениот Океан во северна Русија, чиј ’рт Флисингски е најисточната точка во Европа. Архипелагот претставува реон во состав на Архангелската област[1] и урбан округ на општинско ниво.[2] Населението брои 2.429 жители (2010), од кои 1.972 живеат во административниот центар Белушја Губа.[3]
руски: Но́вая Земля́ | |
---|---|
Карта на Нова Земја | |
Географија | |
Место | Северноледен Океан |
Координати | 74°N 56°E |
Поголеми острови | 2 |
Површина | 90.650 км2 |
Највисоко издигнување | 1.547 м |
Управување | |
Федерален субјект | Архангелска област |
Најголема населба | Белушја Губа (pop. 1,972) |
Демографија | |
Население | 2,429 (2010) |
Домородното население се состоело од 50–300 Ненци,[4] што се занимавале претежно со риболов, лов со стапици, чување ирваси и лов на бели мечки и фоки. Живееле на островите од 1872[5][6] до 1950-тите, по што биле преселени на копното поради атомските проби.[7][8]
Архипелагот се состои од два главни острова (Северен и Јужен) одделени со тесниот Маточкинов Проток и повеќе мали островчиња. Зафаќа вкупна површина од 90.650 км2 и ги двои Баренцовото и Карското Море.
За време на Студената војна, на овие острови се изведувале разни значајни воени вежби и проби, командувани од базата во Рогачево. Војската е присутна и денес. На 30 октомври 1961 г. тука е фрлена познатата „Цар-бомба“ — најсилната пукната атомска бомба во историјата.