Петар I Караѓорѓевиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Петар I Караѓорѓевиќ (Белград, 11 јули 1844 година - Белград, 16 август 1921 година) бил крал на Србија, од 1903 до 1918 година и крал на Србите, Хрватите и Словените (т.е. Кралството СХС) од 1918 до 1921 година.
Петар I Караѓорѓевиќ | |
---|---|
Крал Петар во 1904 | |
Крал на Србите, Хрватите и Словените | |
На престол | 1 декември 1918 – 16 август 1921 |
Наследник | Александар I Караѓорѓевиќ |
Регент | Престолонаследникот Александар (1918–1921) |
Крал на Србија | |
На престол | 15 јуни 1903 – 1 декември 1918 |
Крунисување | 21 септември 1904 |
Претходник | Александар I Обреновиќ |
Регент | Престолонаследникот Александар (1914–1918) |
Роден(а) | 11 јули [ст. ст. 29 јуни] 1844 Белград, Кнежевство Србија |
Починал(а) | 16 август 1921(1921-08-16) (возр. 77) Белград, Кралство на Срби, Хрвати и Словенци |
Почивалиште | Црква Св. Ѓорѓи |
Сопружник | црногорска принцеза Љубица |
Деца | Јелена Милена Ѓорѓе Александар Андрија |
Династија | Караѓорѓевиќ |
Татко | Александар Караѓорѓевиќ |
Мајка | Персида Ненадовиќ |
Вероисповед | Православен Србин |
Воена служба | |
Држава | Кнежевство Србија Кралство Србија Предлошка:Country data Кралство Југославиа Кралство на Срби, Хрвати и Словени |
Служба | 1855–58 (end of active service) |
Чин | фелд маршал |
Петар Караѓорѓевиќ бил Караѓорѓевиот внук и трет син на Персида и кнезот Александар Караѓорѓевиќ, кој бил присилен да абдицира после Светоандрејското собрание. Петар со семејството живеел во странство. Се борел во француската војска во Француско-пруската војна. Се придружил како доброволец под псевдонимот Петар Мркоњиќ во босанско-херцеговачкото востание.
Се оженил во 1883 година со црногорската принцеза Зорка, ќерката на кнезот Никола. Со неа имал пет деца, вклучувајќи го и наследникот Александар. После смртта на татко му во 1885 година, Петар станал глава на династијата Караѓорѓевиќ. По Мајскиот преврат и убиството на кралот Александар Обреновиќ во 1903 година, избран е за крал на Србија. Како крал се залагал за уставното уредување на земјата и бил познат по својата либерална политика.
Кралот Петар бил врховен командант на српската војска во Балканските војни. Поради старост на 24 јуни 1914 година, ги префрлил кралските овластувања на неговиот син, престолонаследникот Александар. Во Првата светска војна се повлекувал со војската преку Албанија. Бидејќи бил крал на Србија во периодот на големите српски војни успеси, во српскиот народ останал запамтен како кралот Петар Ослободител (исто така познат и како Стариот крал).
Со основањето на Кралството на Срби, Хрвати и Словени (кралството СХС) на 1 декември 1918 година тој станал крал на кралството, и останал сè до својата смрт на 16 август 1921 година.