Пијано
музички инструмент / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пијано[1][2] или клавир[3][4] — музички инструмент со клавијатура која содржи 88 (52 бели и 36 црни) клавиши чие притискање произведува звуци. И покрај тешката преносливост и висока цена, пијаното е сепак еден од најпрепознатливите и најпопуларните инструменти во светот поради својата повеќенаменска природа во сферите на свирењето и компонирањето.
Концертно пијано (лево) и исправено пијано (десно) | |
Класификација | |
---|---|
{{{classification}}} | |
Скала | |
Со притискање на еден од клавишите на пијаното, обложеното чеканче поврзано со истиот удира по челични жици и потоа веднаш се повлекува за да и дозволи на жицата да трепери. Треперењата преку мост се пренесуваат до резонантната штица која полесно ги спојува воздухот и акустичната енергија и го прави звукот погласен. Регулатор ја запира вибрацијата на жицата и звукот во моментот кога се отпушта клавишот. Пијаното е класифицирано како кордофонски инструмент во Хорнбостел-Заксовиот систем.
Зборот пијано е скратена форма од pianoforte, од италијанскиот збор за инструментот.[5] Одделно, двата збора piano и forte значат тивко и гласно што кореспондира со јачината со која свирачот на инструментот ќе ги притисне клавишите т.е. посилно притискање - погласен звук, послабо притискање - потивок звук.