Повеќеѕвезден систем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Повеќеѕвезден систем — систем составен од три или повеќе ѕвезди кои гледани од Земјата изгледаат дека се блиску една до друга на небото. Ова може да е резултат на ѕвезди кои се физички блиску и кои ги поврзува гравитацијата тогаш велиме дека се работи за физички повеќеѕвезден систем, или може ѕвездите само да изгледаат дека се блиску една до друга тогаш велиме дека се работи за оптички повеќеѕвезден систем.[1][2][3] Физичките повеќекратните ѕвездени системи исто така се нарекуваат и само ѕвездени системи.
Повеќето повеќекртани ѕвездени системи се тројни ѕвезди, а системите со четири, пет, шест или повеќе составници статистички поретко се среќаваат.[2]
Повеќеѕвездените системи по големина се меѓу двоен систем, две ѕвезди во стабилна орбита и расеано ѕвездено јато, кое е со посложена динамика и обично има од 100 до 1.000 ѕвезди.[4] Повеќето повеќеѕвездени системи се организирани во хиерархија, при што помалите орбити се групирани внатре во поголемите орбити. Во ваквите системи взаемното дејство меѓу орбитите е мало, како при двојни ѕвезди, и орбитите се стабилни.[2][5] Други повеќеѕвездени системи, кои се наречени и трапезија (trapezia), обично се многу млади и нестабилни системи, но брзо се раздвојуваат во стабилни повеќеѕвездени системи. Пример за ваков систем е Трапезиум кое се наоѓа во срцето на маглината Орион.[6][7]