Подмесечина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Подмесечина (потсателит или месечина на месечина) — месечина која кружи околу друга месечина.[3]
Со емпириско истражување на природните сателити во Сончевиот Систем, се дошло до заклучок дека e можно подмесечините да бидат елементи во планетарните системи. Во Сончевиот Систем, џиновските планети имаат големи број природни сателити. Откриените егзопланети најчесто се џиновски планети; и барем една (Кеплер-162бb) може да има многу голема егзомесечина, наречена Кеплер-1625б I, за која се смета дека има подмесечина.[4][5] Но, досега освен вештачките сателити привремено лансирани во орбитата на Месечината, не е забележана ниту една подмесечина Сончевиот Систем или пошироко. Најчесто, плимните ефекти на планетите би го направиле ваквиот систем нестабилен.