Руски фолклор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фолклорот на Русија е фолклор на Русите и на другите етнички групи на Русија .
Корените на рускиот фолклор се во паганските верувања на Старите Словени и истите се застапени во руските сказни. Епските руски билини се исто така важен дел од словенската митологија. Најстарите билини на киевскиот циклус биле запишани главно на север во Русија особено во Карелија каде што бил запишан и поголемиот дел на финскиот национален еп Калевала.
Во доцниот 19 век руските сказни почнале да се преведуваат на англиски јазик - Руски народни сказни (1873) од Вилијам Ралстон и Приказни и легенди од земјата на царот (1890) од Едит Хоџетс.
Многу руски сказни и билини биле адаптирани како анимирани или играни филмови од истакнати режисери како Александар Птушко (Илија Муромец, Садко) и Александар Ру (Морошко, Василиса Прекрасна).
Некои руски поети, меѓу кои и Петар Ершов и Леонид Филатов направиле добри адаптации на класичните руски бајки, а во некои случаи, како оној на Александар Пушкин, создале целосно оригинални сказни со голема популарност.