Сергеј Брин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сергеј Михајлович Брин (руски: Серге́й Миха́йлович Брин; роден 21 август 1973 ) е руски и американски информатичар и претприемач, најдобро познат како соосновач, заедно со Лери Пејџ, на Google, најголемата Интернет компанија во светот. Во 2011 година, неговото лично богатство се проценува на 16,7 билиони долари. Брин имигрирал во Соединетите Американски Држави од Советскиот Сојуз на шестгодишна возраст. Тој дипломирал на Универзитетот во Мериленд, следејки ги стапките на неговиот татко и дедо студирајќи математика како и компјутерски науки. По дипломирањето, заминува на Стенфорд каде се запознава со Larry Page, со кого подоцна стануваат пријатели. Тие ја преполниле нивната соба во студентскиот дом со евтини компјутери и го употребиле data mining системот на Брин за да изградат супериорна истражувачка машина. Програмата станала популарна на Стандфорд и тие ги ставиле во мирување нивните докторски студии за да започнат со работата на Google, во изнајмена гаража. Списанието Економист го смета Грин за „Просветлен човек“ и некој кој верува дека знаењето е секогаш подобро од незнаењето, филозофија која е мото на Google и која овозможува сите светски информации да бидат универзално достапни и корисни.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Сергеј Михајлович Брин | |
---|---|
Роден(а) | Сергеј Михајлович Брин руски: Серге́й Миха́йлович Брин 21 август 1973(1973-08-21) (50 г.) Москва, RSFSR, Советски Сојуз |
Живеалиште | Los Altos, Калифорнија, САД. |
Националност | Американец |
Занимање | Компјутерски научник, Интернет претприемач |
Познат(а) по | Основач на Google |
Сопружник | Anne Wojcicki |
Деца | 1 |
Страница stanford.edu/~sergey |