Сирија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сирија (арапски: سورية) или официјално Сириска Арапска Република (арапски: الجمهورية العربية السورية) — држава во Југозападна Азија која граничи со Либан на југозапад , Средоземното Море на запад, Турција на север, Ирак на исток, Јордан на југ, и Израел на југозапад. Земјата имаплодни рамнини, високи планини и пустини и е дом на различни етнички и религиозни групи, вклучувајќи ги и Сириските Арапи, Грци, Ерменци, Асирци, Курди, Черкези, Мандејци и Туркемени. Религиозни групи вклучуваат сунити, христијани, алавити, друзи, исмаили, манданци, шиити, евреи. Сунитите ја сочинуваат најголемата религиозна група во Сирија.
Сириска Арапска Република الجمهورية العربية السورية (арапски) al-Jumhūrīyah al-ʻArabīyah as-Sūrīyah |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: "حماة الديار" (арапски) "Humat ad-Diyar" (англиски: "Guardians of the Homeland") |
||||||
Главен град (и најголем) | Дамаск | |||||
Службен јазик | арапски | |||||
Народности | ||||||
Демоним | сириец | |||||
Уредување | унитарна полупретседателска република[1] | |||||
• | Претседател | Башар ел-Асад | ||||
• | Премиер | Имад Камис | ||||
• | Заменик-Претседател |
|
||||
• | Претседател на Народниот Совет | Хамуда Сабаг | ||||
Законодавство | Народен Совет | |||||
Основана | ||||||
• | Прогласување на Арапско Кралство Сирија | 8 март 1920 | ||||
• | Држава Сирија под Француски мандат | 1 декември 1924 | ||||
• | Сириска Република | 1930 | ||||
• | Независност де јуре (крај на францускиот мандат) | 24 октомври 1945 | ||||
• | Сириска Република (1946–1963) (заминување на француските сили) |
17 април 1946 | ||||
• | Отцепување од Обединета Арапска Република |
28 септември 1961 | ||||
• | Баас ја презема контролата над државата |
8 март 1963 | ||||
• | Моментален устав | 27 февруари 2012 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 185.180 км2[2] (87-ма) | ||||
• | Вода (%) | 1.1 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2019 г. | ▲ 18,507,587 (63-та) | ||||
• | Попис 2010 | 21,018,834 | ||||
• | Густина | 118.3 жит/км2 (70-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2015 г. | |||||
• | Вкупен | $50.28 billion[3] | ||||
• | По жител | $2,900[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2014 г. | |||||
• | Вкупно | $24.6 billion[3] | ||||
• | По жител | $1,400[3] | ||||
Џиниев коеф. (2014) | 55.8[4] висок |
|||||
ИЧР (2018) | ▬ 0.536[5] низок · 155th |
|||||
Валута | Сириска фунта (SYP ) |
|||||
Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .sy سوريا. |
|||||
Повик. бр. | +963 |
Сирија е унитарна република составена од 14 гувернери и е единствената земја која политички го поддржува Баасизмот. Таа е членка Обединетите Нации, Движењето на неврзаните и е суспендирана од Арапската лига во ноември 2011 година[6] и Организацијата за исламска соработка[7], и од Средоземната Унија[8].
Терминот „Сирија“ порано се однесувал за целиот регион Левант, но денес оваа држава се наоѓа на територијата на неколку стари кралства и империи кои порано опстојувале и биле дел од старата Сирија. Дамаск, денешниот главен град на државата, бил главен град и на стариот Омејадски Калифат, како и седиште на Мамелучкиот Султанат. Дамаск се смета за еден од најстарите градови со постојана населеност во светот.[9][10]
Денешната држава Сирија е создадена, првично, како француски протекторат, но во април 1946 година Сирија ја прогласила својата независност и станала независна парламентарна република. Пост-воениот период бил исто така исполнет со поголем број воени дејствија и бунтови кои се одвивале во периодот од 1949 до 1970 година. Уште од 1962 година, светските организации за човекови права ја сместуваат Сирија во групата на земји со недемократско владеење.[11]
Сирија е владеена од партијата „Бат“ уште од 1963 година, иако всушност со државата владее мала група воени и политички челници. Моментален претседател на Сирија е Башар ел-Асад, кој е на таа позиција по вторпат. Башар ал-Асад е син на Хафиз ал-Асад[12], претседател на Сирија од 1970 до 2000 година.[13][14] Државата имала важна улога во регионалната политика, особено во конфликтите на Израел со арапските држави.
Од март 2011 година, Сирија е вовлечена во вооружен конфликт, при што голем број земји во регионот и пошироко се вклучени воено или на друг начин. Како резултат на тоа, голем број на самопрогласени политички ентитети се појавиле на сириска територија, вклучувајќи ја и Сириската опозиција, Рохава, Тахрир ел-Шам и Исламската држава Ирак и Левант. Сирија е рангирана како последна на Глобалниот индекс на мирот, поради што стана најнасилна земја во светот поради војната. Војната убила повеќе од 570.000 лица[15], предизвикала 7,6 милиони внатрешно раселени лица (проценка на УНХЦР од 2015 година) и повеќе од 5 милиони бегалци (во јули 2017 година регистрирани од УНХЦР)[16].
Главен град на Сирија е Дамаск, но најголем град во државата е Алеп. Вкупната површина на Сирија изнесува 185.180 км2 каде живеат околу 22.198.110 жители. Околу 80% од населението на Сирија се Арапи, додека остатокот вбројува Курди, Ерменци и Туркмени.[14] Службен јазик во државата е арапскиот, додека најголема религија е исламот.