Социјалистичка хералдика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Социјалистичка хералдија, исто така позната како комунистичка хералдика, е поим со кој се опфаќа стилот на дизајнирање на грбови според социјалистичката идеологија. Овие грбови се усвојуваат од комунистички држави. Иако се именуваат како „грбови“, тие всушност не се грбови во традиционална смисла, туку амблеми. Повеќето комунистички држави произлегле од монархии и за да се дистанцираат од монархијата, се усвојувале други неутрални социјалистички грбови, кои ретко имале историски елементи. Пример за ваква хералдика се грбовите на Македонија, Белорусија и неколку други денешни независни држави