Степа Степановиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Степан Степановиќ - Степа (Кумодраж кај Белград, 28 февруари/11 март 1856 – Чачак, 27 април 1929 година) бил српски и југословенски војвода (фелдмаршал). Тој учествувал во српско-турските војни (1876-1878 г.) како питомец-наредник, а подоцна и потполковник. Во периодот меѓу борбите на Сливница, кај Куманово, бил командант на баталјон, а подоцна и на полк, бригада, дивизија и помошник на началникот на Главниот генералштаб. Двапати бил воен министер. Во тој период Српската војска била во секој поглед (организациски, професионално, материјално и морално) добро подготвена за војување. Во Првата балканска војна (1912-1913 г.), Степа Степановиќ командувал со Втората армија. Во Втората балканска војна, армијата со која командувал пожртвувано ја бранела нишавската зона со утврден логор во Пирот.
Војвода Степа Степановиќ | |
---|---|
Министерство за војна | |
На должноста 24 февруари 1911 – 22 мај 1912 | |
Премиер | Никола Пашиќ Милован Миловановиќ |
Претходник | Илија Гојковиќ |
Наследник | Радомир Путник |
На должноста 30 март 1908 – 23 декември 1908 | |
Премиер | Никола Пашиќ Петар Велимировиќ |
Претходник | Радомир Путник |
Наследник | Михаило Живковиќ |
Лични податоци | |
Роден(а) | Степан Степановиќ 11 март 1856(1856-03-11) Кумодраж, Кнежевство Србија |
Починал(а) | 29 април 1929(1929-04-29) (возр. 73) Чачак, Кралство Југославија |
Сопружник | Јелена Степановиќ |
Деца | Милица Степановиќ Даница Степановиќ |
Установа | Воена академија на Србија |
Професија | Офицер |
Вероисповед | Српска православна црква |
Награди | Орден на Караѓорѓева Ѕвезда со мечеви Орден на Свети Сава Орден на Свети Станислав од трет степен со мечеви и панделка Одрен на Круната на Италија Орден на Светиот Спасител Орден на Бат |
Воена служба | |
Прекар | Степа |
Припадност | Кнежевство Србија Кралство Србија Кралство Југославија |
Род | Војска на Кнежевството Србија Војска на Кралството Србија Југословенска војска |
Траење | 1874–1920 |
Чин | Фелдмаршал |
Заповеда со | Втора српска армија |
Битки/војни | Српско-турски војни Српско-бугарска војна Прва балканска војна Втора балканска војна Прва светска војна |
Кога почнала Првата светска војна, тој бил заменик на отсутниот Радомир Путник, кој бил началник на штабот на Врховната команда и раководел со мобилизацијата на Српската војска. Откако Радомир Путник се вратил во Србија, Степа Степановиќ се вратил на должност како командант на Втората армија и со нејзините главни сили извел марш-маневар, преку Коцељево и Текериш. Во ноќен напад на 21-та дивизија на 8-от корпус на австроунгарската војска на источните падини на планината Цер, тој ја поразил и им овозможил победа на Србите во Церската битка. За оваа победа на Сојузничките сили над Централните сили, тој бил унапреден во највисокиот воен чин - чин на војвода (фелдмаршал). Неговата армија во Битката кај Дрина пожртвувано ја бранела Мачва. Долго време успешно ги одбивала нападите на посилните австроунгарски сили и не дозволувала премин преку реките Дрина и Сава на војската на генерал Поќорек, со што ја исцрпувала силата на неговата војска. Во Битката кај Колубара (од 16 ноември до 15 декември 1914 година), Втората армија на десната страна на реката Колубара прво го запрела нападот, а потоа со маневарските потфати на генералите Радомир Путник и Живоин Мишиќ потполно ја поразила австроунгарската балканска војска. За време на инвазијата на Србија, есента 1915 година, војската на Степановиќ, заедно со Тимочката војска, го оневозможила нападот на Првата бугарска армија, која преку нишавската зона сакала да влезе кон заднинските позиции на главната српска војска, која тогаш била ангажирана на северниот фронт, со што многу придонела во пропаѓањето на плановите на генерал Мекензен за опкружување и уништување на српската војска. Степановиќ имал подоцна значајна улога во реорганизацијата на српската војска на Крф, нејзините први успеси на фронтовите кај Горничево, Кајмакчалан и околу Битола, но најголемиот успех бил пробивањето на Солунскиот фронт и исфрлањето на Бугарите од војната. По пробивањето на непријателскиот фронт на Добро Поле и Козјак, Степановиќ со својата Втора армија, заедно со Првата армија и сојузничките сили, ја натерале Бугарија на капитулација на 29 септември 1918 година. Оваа победа, како и победата во Церската битка, му донеле слава на Степановиќ и го ставиле во редот на најголемите војсководци во Првата светска војна и во целата српска воена историја.