Тихе (претпоставена планета)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тихе е претпоставен гасовит џин, кој можеби се наоѓа во Ортовиот Облак од Сончевиот Систем. Постоењето на оваа планета првпат било предложено во 1999 година од астрофизичарите Џон Матесе, Патрик Витман и Даниел Витмајер од Луизијана Универзитетот во Лафајет.[1][2] Тие тврделе дека доказите за постоењето на Тихе може да се најдат во наводната наклонетост (на астрономите) за тоа од каде потекнуваат долгопериодичните комети. Подоцна, Матезе[3] и Витмајр[4] ги преоцениле податоците за кометите и навеле дека ако Тихе постои, би можела да се најде во архивите на податоци прибрани од Инфрацрвениот истражувач (WISE) на НАСА.[5] Во 2014 година НАСА објавила дека со истражувањето на WISE не е пронајдено тело кое ги има одликите на Тихе, укажувајќи дека Тихе, каков што го претпоставиле Матезе, Витман и Витмајер не постои.[6]