Туниски поход
From Wikipedia, the free encyclopedia
Туниски поход (исто така позната како Битка за Тунис) — серија битки што се одржале во Тунис за време на северноафриканскиот поход во Втората светска војна, помеѓу силите на Оската и сојузничките сили од 17 ноември 1942 до 13 мај 1943 година. Сојузниците се состоеле од британските кралски сили, вклучително и грчки контингент, со американски и француски корпус. Битката започнала со почетен успех од страна на германските и италијанските сили, но масовните напори за спречување на снабдувањето довело до одлучувачки пораз на Оската. Над 250.000 германски и италијански војници биле заробени, вклучувајќи го и најголемиот дел од Африканскиот корпус.
Туниски поход | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Дел од Северноафрикански поход во Втората светска војна | |||||||
Германски и италијански воени заробеници по падот на Тунис, 12 мај 1943 година. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Обединето Кралство
САД | Трет Рајх | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Харолд Александар Кенет Андерсон | Алберт Кеселринг |
||||||
Сила | |||||||
Март: 500.000 војници | Март: 350.000 војници |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
76.020 убиени 849 уништени авиони | 290.000–362.000 (238.000-300.000 заробени) 2.422 уништени авиони |