Херберт Спенсер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Херберт Спенсер (27 април 1820 - 8 декември 1903) — англиски филозоф, биолог, антрополог и социолог кој што е познат по својата хипотеза за социјалниот дарвинизам, според која што супериорната физичка сила ја обликува историјата.[1] Спенсер потекнува од изразот „опстанок на најсилните“, што го измислил во Принципи на биологија (1864), откако ја прочитал книгата на Чарлс Дарвин за потеклото на видовите. Овој поим силно сугерира природна селекција, но сепак Спенсер гледаше дека еволуцијата се протега во областите на социологијата и етикага, па затоа го поддржува и ламаркизмот.[2][3]
Херберт Спенсер | |
---|---|
Спенсер на возраст од 73 години | |
Роден(а) | 27 април 1820(1820-04-27) Дерби, Дербишајр, Англија |
Починал(а) | 8 декември 1903(1903-12-08) (возр. 83) Брајтон, Сасекс, Англија |
Националност | Англичанец |
Период | Филозофија од 19 век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Класичен либерализам |
Претежна дејност | Еволуција, позитивизам, индивидуализам, утилитаризам |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
| |
Потпис | |
Спенсер развива сеопфатна концепција за еволуцијата како прогресивен развој на физичкиот свет, биолошките организми, човечкиот ум, човечката култура и општествата. Како полимат, тој придонесе за широк спектар на предмети, која вклучува етика, религија, антропологија, економија, политичка теорија, филозофија, литература, астрономија, биологија, социологија и психологија. За време на неговиот живот, тој постигна огромна популарност, главно во академијата која што зборува на англиски. „Единствениот друг англиски филозоф што постигнал таква популарност бил Бертранд Расел, и тоа било во 20 век„.[4] Спенсер беше „единствениот најпознат европски интелектуалец во последните децении на деветнаесеттиот век“[5][6] но неговото влијание нагло опадна по 1900 година: „Кој сега го чита Спенсер?“ праша Талкот Парсонс во 1937.[7]