Hole (група)
американска рок-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Hole (транскрипција: Хоул) ― поранешна американска алт-рок- група основана во Лос Анџелес во 1989 година. Групата ја основале пејачката Кортни Лав и гитаристот Ерик Ерландсон. Групата објавила четири студиски албуми и била една од комерцијално најуспешните рок-групи во историјата во кои фронтмен била жена.[4]
Hole | |
---|---|
Hole на настап во Public Assembly, Њујорк во април 2013 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Групата се распаднала во 2002 година. Во 2010 година, Hole била возобновена од Лав со нови членови, и покрај тврдењето на Ерландсон дека со тоа го прекршила заедничкиот договор што го имале. Во 2013 година, Кортни Лав го повлекла од употреба името Hole и продолжила да објавува нов материјал како соло-пејачка.
Hole добиле неколку признанија, меѓу кои и четири номинации за Греми награда. Музичките и феминистичките автори ја сметаат групата за најистакната музичка група од 1990-тите која во нивните песни се занимава со родовите проблеми, поради агресивната и насилна лирска содржина на Кортни Лав, која често се однесуваат за претставата за сопственото на тело, родовата злоупотреба и сексуална експлоатација.