Венера (планета)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Венера (народно: Обденица)[12] — втора планета од Сонцето, орбитирајќи на секои 224.7 Земјини денови.[13] Го има најдолгиот вртежен период (243 дена) од сите други планети во Сончевиот Систем и ротира во спротивна насока од другите планети (што значи дека Сонцето изгрева на запад, а заоѓа на исток).[14] Нема ниту еден месечина. Именувана е според римската божица на љубовта и убавината. По Месечината, таа е вториот најсјаен објект кој може да се види на ноќното небо, достигнувајќи привидна величина од −4.6 – доволно светла за да направи сенка навечер и, поретко, видлива со голо око сред бел ден. Максималната видливост планетата ја има пред изгрејсонце и малку по зајдисонцето. Затоа, често се именува како утринска ѕвезда или ѕвезда вечерница.[15][16] Орбитирајќи во Земјината орбита, Венера е долна планета и никогаш не изгледа како да се оддалечува далеку од Сонцето; максималното аголно растојание од Сонцето (елонгација) е 47.8°.
- За римската божица на љубовта и убавината видете: Венера (божица)
Снимка во боја снимена од Маринер 10 изменета нзи два филтри. Површината е прикриена од дебелите сулфурни облаци. | |||||||||||||
Ознаки | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Орбитални особености[1][2] | |||||||||||||
Епоха J2000 | |||||||||||||
Афел |
| ||||||||||||
Перихел |
| ||||||||||||
| |||||||||||||
Занесеност | 0,006772[3] | ||||||||||||
583,92 days[1] | |||||||||||||
Просечна орбитална брзина | 35,02 км/с | ||||||||||||
50,115° | |||||||||||||
Наклон |
| ||||||||||||
76,680°[3] | |||||||||||||
54,884° | |||||||||||||
месечини | нема | ||||||||||||
Физички особености | |||||||||||||
Среден полупречник |
| ||||||||||||
Сплеснатост | 0[5] | ||||||||||||
| |||||||||||||
Зафатнина |
| ||||||||||||
Маса |
| ||||||||||||
Средна густина | 5,243 г/см3 | ||||||||||||
| |||||||||||||
10.36 km/s (6.44 mi/s)[7] | |||||||||||||
Ѕвезден вртежен период | −243,025 ден (повратно)[1] | ||||||||||||
Екваторска вртежна брзина | 6.52 км/ч[convert: unknown unit] | ||||||||||||
2,64° (за повратно вртење) 177,36° (кон орбитата)[1][note 1] | |||||||||||||
Северенополна ректасцензија |
| ||||||||||||
Северенополна деклинација | 67,16° | ||||||||||||
Албедо |
| ||||||||||||
| |||||||||||||
−4.92 до −2.98[11] | |||||||||||||
9.7″–66.0″[1] | |||||||||||||
Атмосфера | |||||||||||||
Површински притисок | 92 бари (9,2 MPa) | ||||||||||||
Состав по зафатнина |
| ||||||||||||
|
Венера е земјовидна планета и понекогаш ја нарекуваат сестра на Земјата поради нивната слична големина, маса, близина до Сонцето и состав. Таа е различна од Земјата во други аспекти. Ја има најгустата атмосфера од четирите земјени планети, и се состои од повеќе од 96% јаглерод диоксид. Атмносферскиот притисок на површината на планетата е 92 пати од оној на Земјата, или приближно притсокот што се наоѓа на 900 м (3,000 ст) под водата на Земјата. Венера е најжешката планета во Сончевиот Систем, со средна температура на површината од 735 K (462 °C; 863 °F), иако Меркур е поблиску до Сонцето. Венера е обвиткана со непровиден слој од високоодбивачки облаци од сулфурна киселина, спречувајќи нејзината површина да се гледа од вселената во видлива светлина. Можно е да имало океани со вода во минатото,[17][18] но тие би испариле со зголемување на температурата поради ефектот на стаклена градина.[19] Водата најверојатно фотодисоцирала, а ослободениот водорот бил однесен во меѓупланетарниот простор од страна на сончевиот ветер поради недостатокот на планетарното магнетно поле.[20] Површината на Венера е сува пустина прошарана со камења слични на плочи и со периодично јавување на вулканизам.
Како едно од најсветлите тела на небото, Венера игра голема улога во човечката култура од кога постојат записи. Таа е света за боговите на многу култури, и е примарна инспирација за писатели и поети како утринска ѕвезда и вечерна ѕвезда. Венера е првата планета чие движење било исцртано низ небото, уште од вториот милениум п.н.е.[21]
Како планета што е најблиску до Земјата, Венера била главна мета за раното меѓупланетарно истражување. Таа била првата планета после Земјата која ја посетила вселенско летало (Маринер 2 во 1962), и првото кое успешно слетало (Венера 7 во 1970). Густите облаци на Венера го оневозможуваат набљудувањето на нејзината површина во видливата светлина, а првите детални карти не се појавиле сè до пристигнувањето на орбитерот Магелан во 1991 година. Предложени се планови за планетарни возила или посложени мисии, но тие се попречени од непријателските површински услови на Венера.