Грб на Грција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Денешниот грб на Грција (поточно амблем) се состои од светлосин штит (azure) и бел (argent) еднококрак крст на средината (fess point) чии кракови достигнуваат до ивиците на штитот. Штитот е во потполност опкружен со ловоров венец.
Кратки факти Грција, Варијанти ...
Затвори
Грбот на Грција од 1822 година бил менуван неколкупати - првобитно грбот бил штит со прикажаната Атина и сова, потоа е додаден феникс, за патем Грчката династија додавала свои елементи на грбот. Грбот во ваков облик е присутен од 1967 година, а изгледот му е прецизно пропишан во 1975 година.