Проширување на НАТО
From Wikipedia, the free encyclopedia
Проширување на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) - процес на приклучување на нови земји-членки кон НАТО. НАТО претставува воена алијанса на земји од Европа и Северна Америка која вклучува систем на колективна одбрана во нејзината организација. Процесот на приклучување кон алијансата го одредува Членот 10 од Севернатлантскиот договор и договорите што следувале. Доколку една земја сака да се приклучи, треба да задоволи одредени барања и да исполни долготраен процес што се состои од политички дијалог и воена интеграција. "Северноатлантскиот совет" како најважно тело на НАТО го надгледува процесот на пристапување.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
По создавањето на Алијансата во 1949 г. НАТО се прошири со вклучувањето на Грција и Турција во 1952 г. и Западна Германија во 1995 г. , а подоцна и Шпанија во 1982 г. По завршувањето на Студената војна и обединување на Германија во 1999 г. , во НАТО се дискутираше дали да се продолжи со проширувањето кон исток. Во 1999 г. се вклучија Полска и Унгарија по долготрајните дескусии во организацијата со руската опозиција. Пристапувањето на седумте држави од северна и источна Европа претставуваше уште едно ново проширување. Тоа беа државите: Естонија, Летонија, Литванија, Словенија, Словачка, Бугарија и Романија. За време на самитот во Прага во 2002 г. , овие земји беа први поканети да започнат преговори за членство а на 29 март 2004 г. станаа членки на НАТО непосредно пред самитот во Истанбул во 2004 г. Албанија и Хрватска неодамна станаа членки на НАТО, и тоа на 1 април 2009 г. непосредно пред самитот Стразбур-Кил во 2009 г.
Идното проширување претставува тема на дебата во многу земји. Процесот на пристапување на Кипар и Македонија е одолговлечен од страна на,(за секоја земја посебно),Турција и Грција сè додека не се пронајде решение за споровите помеѓу нив. Други земји коишто имаат цел ако може да се приклучат се Босна и Херцеговина и Грузија. Причина за зголемената тензија помеѓу замјите од НАТО и Русија беше интеграцијата на земјите од поранешниот Варшавски договор. Михаил Горбачов наводно се согласил за обединување на Германија во рамките на НАТО по ветувањето дека НАТО нема да се прошири “ни сантиметар повеќе кон исток.”