User:Jos.sanja
From Wikipedia, the free encyclopedia
Поважни истражувања по големите географски откритија
Големите истражувања продолжиле и по годините на географските откритија. До почетокот на XVII век, бродовите биле доволно добро изградени и нивните навигатори биле доволно способни за да патуваат виртуелно речиси насекаде на планетата по морски пат. Во 17 век холандските истражувачи Вилем Јанз и Авел Тасман ги истражувале бреговите на Австралија. Шпански експедиции од Перу го истражувале Јужниот Пацифик и откриле архипелази како Вануату и Питкерн Острови. Луис Ваез де Торес ги закупил бреговите на Нова Гвинеја и Соломоновите Острови, и го открил морскиот теснец кој го носи неговото име. Европската поморска истражувачка единица ги забележала на мапа западните и северните брегови на Австралија, но источниот брег мораше да почека повеќе од еден век, бидејќи во XVIII век британскиот истражувач Џемс Кук, бил тој кој открил голем дел од Полинезија. Најдалечното место до кое стигнал Кук била Алјаска. Во подоцнежниот 18 век Пацификот стана фокус на обновениот интерес, со пристигнувањето на шпанските експедиции во северниот дел на Канада и Аљаска, и со истражувањето кое го направиле Северно-Европејците на други непознати региони во западниот брег на Северна Америка. Центарот на Америка беше откриен до средината на 16 век, иако имаше неистражени области до 18 и 19 век. Европејците ги немале истражено длабоките внатрешни области на Австралија Африка од средината па се до крајот на 19 и почетокот на 20 век, што се должи на недостаток на трговски потенцијал во овој регион, како и на сериозниот проблем на заразни тропски болести како во случајот со Субсахарска Африка. Конечно, внатрешниот дел на Антарктикот беше истражен, со откривањето на Северниот и Јужниот Пол во 20 век.