Ѕвездена ноќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѕвездена ноќ (холандски: De sterrennacht) е слика на познатиот холандски постимпресионсист Винсент ван Гог. На сликата е претставен погледот од прозорецот на собата во санаториумот во кој уметникот престојувал. Сликата е насликана во дневни услови по сеќавање. Од 1941 година претставува дел од колекцијата на Музејот на модерна уметност во Њујорк, САД. Оваа слика се смета за ремек-дело на Ван Гог.
Кратки факти Творец, Година ...
Творец | Винсент ван Гог |
---|---|
Година | 1889 |
Димензии | 73 см × 92 см |
Место | Музеј на модерна уметност, Њујорк, Њујорк |
Затвори