Ѕержинска Гора
рид и највисока точка во Белорусија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѕержинска Гора (белоруски: Дзяржынская гара, Ѕјаржинскаја хара) — рид во Минската област, Белорусија и највисока точка во земјата. Висок е 345 метри[2] и се наоѓа во селото Скирмантово близу градот Ѕержинск, западно од Минск. Геолошки е сместен во Минското Возвишение — дел од возвишенијата наречени Белоруски Срт.
Кратки факти Ѕержинска Гора, Највисока точка ...
Ѕержинска Гора | |
---|---|
Дзяржынская гара | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 345 м [1] |
Заведена како | највисока во земјата |
Друго име | Дзяржынская гара |
Географија | |
Место | Белорусија |
Покраина | BY |
Геологија | |
Вид | рид |
Затвори
Изворното име на ридот е „Света Гора“ (Святая гара), сменето во 1958 г. по блискиот град, а во чест на основачот на КГБ, Феликс Ѓержински (1877-1926).