Јасна Полјана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јасна Полјана (руски: Я́сная Поля́на) — месност која се наоѓа на 12 км југозападно од Тула, Русија. Јасна Полјана е местото каде се наоѓа родната куќа на Лав Толстој, руски книжевник, а денес претставува музеј на Лав Толстој.[1]
Лав Толстој се родил во куќата во Јасна Полјана, а воедно и таму ги напишал познатите „Војна и мир“ и „Ана Каренина“. По смртта на Толстој, неговото тело е закопано во близина на неговата куќа. Самиот Толстој често ја именувал Јасна Полјана како негова „непристапна книжевна тврдина“.[2]
Во јуни 1921 година, поседот бил национализиран и така службено станал негов меморијален музеј. Првично музејот бил управуван од Александра Толстаја, неговата ќерка. Актуелен директор на музејот е пра-пра-правник Владимир Толстој.[3][4] Во самиот музеј се наоѓаат личните работи на Толстој, како и неговата библиотека од 22.000 парчиња. Во Јасна Полјана е неговата куќа, училиштето за деца-сиромаси и паркот каде се наоѓа гробот на Толстој.