Јужна пирамида (Јужна Сакара)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужна пирамида[1] — (позната исто така и како Незавршена пирамида во Јужна Сакара[2]; Лепсиј XLVI; САК С 6'[3]) е древна египетска кралска гробница која била изградена за време на 13-тата династија во Јужна Сакара и е позната по тоа што има најизрзен подземен храм и гробница т.н. хипогеа од пирамидите на доцниот период на 12-та египетска династија. Градбата на оваа пирамида останала недовршена и сè уште не е познато кој фараон навистина требало да биде погребан тука, бидејќи не е пронајден соодветен натпис.