Џиу-џицу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиу-џицу[1][2] (јапонски: 柔術) — општо име што се користи за јапонските боречки вештини што вклучуваат техники со и без оружја; уметноста на ракопашна борба, чиј главен принцип е „мека“, „подвижна“ техника на движење. Најраната забележана употреба на зборот „џиу-џицу“ се случила во 1530-тите и била измислена од Хисамори Тененучи кога службено го основал првото училиште за џиу-џицу во Јапонија.[3]
Подгрупа техники од одредени стилови на џиу-џицу биле користени за развој на многу современи боречки вештини и боречки спортови, како што се џудо, аикидо, самбо, армиска ракопашна борба, бразилско џиу-џицу и мешани боречки вештини.