Албанија
држава во Југоисточна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Албанија (албански: Shqipëri или Shqipëria; Shqipni или Shqipnia, исто така Shqypni или Shqypnia),[6] или официјално Република Албанија (албански: Republika e Shqipërisë) — земја во Југоисточна Европа, сместена на Балканскиот Полуостров и Сердоземјето. Се граничи со Црна Гора на север, со Република Косово на североисток, Македонија на исток и со Грција на југ. Албанија има брег на Јадранското Море на запад и брег на Јонското Море на југозапад. Главен град е Тирана, кој воедно е и најголем град во државата.
- Ова е статија за современата држава на Балканскиот Полуостров. За други значења на името видете Албанија (појаснување)
Република Албанија Republika e Shqipërisë (албански)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Ти Албанијо ми даваш гордост, ти ми го даде името албанско Ti Shqipëri, më jep nder, më jep emrin Shqipëtar (албански) |
||||||
Химна: Химна на знамето Himni i Flamurit (албански) |
||||||
Главен град (и најголем) | Тирана | |||||
Службен јазик | албански | |||||
Демоним | Албанци
(Албанец/Албанка) |
|||||
Уредување | Унитарна парламентарна уставна република | |||||
• | Претседател | Бајрам Бегај | ||||
• | Премиер | Еди Рама | ||||
Законодавство | Кувенди | |||||
Историја на основање | ||||||
• | Кнежевство Арбарија | 1190 | ||||
• | Кралство Албанија | февруари 1272 | ||||
• | Кнежевство Албанија | 1368 | ||||
• | Лепка Лига | 2 март 1444 | ||||
• | Скадарски пашалак/Јанински пашалак | 1757/1787 | ||||
• | Прогласување независност од Отоманското Царство | 28 ноември 1912 | ||||
• | Кнежевство Албанија | 29 јули 1913 | ||||
• | Прва албанска република | 31 јануари 1925 | ||||
• | Кралство Албанија | 1 септември 1928 | ||||
• | Втора албанска република | 11 јануари 1946 | ||||
• | Трета албанска република | 28 декември 1976 | ||||
• | Четврта албанска република Тековен устав |
29 април 1991 28 ноември 1998 |
||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 28,748 км2 (140. место) | ||||
• | Вода (%) | 4,7 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јануари 2020 г. | ▲ 2.845.955[1] | ||||
• | Попис 2011 | 2.821.977[2] | ||||
• | Густина | 98 жит/км2 (63. место) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2020 г. | |||||
• | Вкупен | $42.594 billion[3] | ||||
• | По жител | $14.866[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2020 г. | |||||
• | Вкупно | $16.753 билиони[3] | ||||
• | По жител | $5.847[3] | ||||
Џиниев коеф. (2017) | 33.2[4] среден |
|||||
ИЧР (2019) | 0.795[5] висок · 69. место |
|||||
Валута | лек (ALL ) |
|||||
Часовен појас | СЕВ (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) | ||||
Датумски формат | ден/месец/година | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .al | |||||
Повик. бр. | +355 | |||||
Светец заштитник | Богородица Марија |
Географски, земјата покажува различни климатски, геолошки, хидролошки и морфолошки услови, дефинирани на површина од 28.748 км2. Таа поседува извонредна разноликост со пределот кој се протега од планините Проклетие до топлото и сончево крајбрежје на Јадранско Море и Јонското Море. Албанија е мултиконфесионална, мултикултурна и мултиетничка земја. Најголениот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко и црногорско население.
Историски гледано, областа на Албанија била населена со разни племиња од Илири, Тракијци и Стари Грци. Областа била припоена во 3 век од страна на Римјаните и станала составен дел на римските провинции Далмација, Македонија и Илирик. Автономното Кнежевство Арбарија било создадено во 1190 година, формирано од архонт Прогон во Кроја, во рамките на Византија. Во доцниот 13 век Карло I Анжујски ги освоил албанските територии од Византијците и го основал средновековното Кралство Албанија, кое со своето максимално проширување се протегало од Драч по должината на брегот до Бутринт на југ. Во средината на XV век, Албанија била освоена од страна на Османлиите.
Современата национална држава Албанија се појавила во 1912 година по поразот на Османлиите во Балканските војни.[7] Современото Кралство Албанија било напднато од Италија во 1939 година, формирајќи Голема Албанија, пред да стане нацистички германски протекторат во 1943 година.[8] По поразот на Нацистичка Германија, комунистичка држава насловена како Народна Република Албанија била основана под раководство на Енвер Хоџа и Партијата на трудот. Земјата доживеала општествени и политички трансформации во комунистичката ера, како и изолација од голем дел од меѓународната заедница. По Револуциите од 1991 година, социјалистичката република била распуштена и била основана денешна Албанија.
Политички, земјата е унитарна парламентарна уставна република и земја во развој со економија со повисок среден доход во која доминира терциерниот сектор проследен со секундарниот и примарен сектор.[9] Економијата поминала низ процес на транзиција, по крајот на комунизмот во 1990 година, од централизирана во пазарна економија.[10][11][12] Исто така, Албанија обезбедува и универзална здравствена заштита и бесплатно основно и средно образование на своите граѓани.[5] Земјата е членка на Обединетите Нации, Светска банка, УНЕСКО, НАТО, СТО, Советот на Европа, ОБСЕ и ОИК. Исто така, Албанија е службен кандидат за членство во Европската Унија.[13]