Алзас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алзас (француски: Alsace) или Елзас (алзашки: ’s Elsass; германски: Elsass/Elsaß; латински: Alsatia) — поранешен регион во Франција. Се наоѓа на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Рајна и се граничи со Германија и Швајцарија. Најважен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур кој воедно е и главен и најголем град на регионот. Бидејќи тој град е седиште на десетици меѓународни организации и тела, Алзас е политички еден од најзначајните региони во Европската Унија.
Алзас Alsace / Elsaß / ’s Elsàss | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Разни знаменитости на Алзас | ||||||||||
Земја | Франција | |||||||||
Регион | Голем Исток | |||||||||
Префектура | Стразбур | |||||||||
Департмани | ||||||||||
Површина[1] | ||||||||||
• Вкупна | 8.280 км2 (3,200 ми2) | |||||||||
Население (2017)[2] | ||||||||||
• Вкупно | 1.889.589 | |||||||||
Демоним | Алзашки | |||||||||
ISO 3166 | FR-A |
Траги на името „Алзас“ се гледаат во горногерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи "туѓо царство".[3] Алтернативното објаснување потекнува од германското Ell-sass, што значи „сместено на Ил“,[4] река во Алзас. Регионот историски припаѓал на Светото Римско Царство. Постепено се припоил кон Франција во тек на XVII век под власта на кралевите Луј XIII и Луј XIV како една од поранешните француски покраини. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како царска покраина Алзас-Лорена, 1871–1918) била оспорена во XIX и XX век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припаѓал последователно и на Франција и на Германија.
Иако историскиот јазик на Алзас е алзашки, регионален германски јазик, денес повеќето Алзашани зборуваат француски, службениот јазик на Франција. Околу 39% од возрасното население и веројатно помалку од 10% деца, течно зборуваат алзашки, така што во денешен Алзас за голем дел од населението може да се каже дека е двојазично.[5].