Белградска тврдина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Белградската тврдина е едно од најстарите утврдувања во Србија, чија изградба е поврзана со крајот на старата и почетокот на новата ера и со престојот на Римјаните на овие простори.
Белградската тврдина укажува на тоа дека секое поединечно утврдување, како и комплексот во целина, е дел од историскиот мозаик кој постепено се појавува во различни епохи на градба.
Белградската тврдина[1][2] е составена од Горен и Долен град и паркот Калемегдан[3] (Голем и Мал Калемегдан) на сливот на реките Сава и Дунав, во урбана област на модерен Белград, Србија. Сместена е во белградската општина Стари Град. Белградската тврдина била прогласена како Споменик на културата од исклучително значење во 1979 година и е заштитена од Република Србија.[2] Таа претставува најпосетувана туристичка атракција во Белград, а Скадарлија е втора.[4] Влезот во тврдината е бесплатен, и се проценува дека вкупниот број на посетители (странци, домашни, белграѓани) е над 2 милиони годишно.[5][6]