Белоруска Народна Република
From Wikipedia, the free encyclopedia
Белоруска Народна Република (БНР[3]) (белоруски: Беларуская народная республика, руски: Белорусская народная республика) — држава која постоела во периодот од 1918 до 1919 година и претставувала неуспешен обид да се создаде белоруска држава на територијата контролирана од Германската Царска Армија за време на Првата светска војна.
Белоруска Народна Република | ||||||
Белару́ская Наро́дная Рэспу́бліка Белорусская народная республика Bielaruskaja Narodnaja Respublika | ||||||
Делумно признаена Влада во егзил од 1919 година | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Химна белоруски: Ваяцкі марш „Марш на воините“ | ||||||
Главен град | 1918 Минск · Вилнус 1918–1919 Гродно | |||||
Гл. град во бегство | 1919–1923 Каунас 1923–1945 Прага 1948–1970 Париз 1970–1983 Торонто 1983–денес Ванкувер | |||||
Јазици | белоруски јазици на малцинствата признати за службена употреба: полски јидиш руски | |||||
Уредување | Република | |||||
Претседател на Советот | ||||||
- | 1918–1919 | Јан Серада | ||||
- | 1919 | Петар Кречевски | ||||
Претседавач во егзил | ||||||
- | 1919–1928 (first) | Петар Кречевски | ||||
- | 1997–present | Ивонка Сурвила | ||||
Историски период | Прва светска војна | |||||
- | Основање[1] | 9 март 1918 | ||||
- | Полско-советска војна[2] | 1919 | ||||
Валута | Ruble | |||||
Денес во | Белорусија Русија Литванија Полска Латвија | |||||
БНР била прогласена на 9 март 1918 година во Минск од страна на членовите на Извршниот комитет на Првиот Белоруски конгрес, а две недели подоцна, на 25 март 1918 година, била прогласена за независноста[4]. Во 1919 година таа постоела со алтернативната комунистичка влада на Советска Социјалистичка Република Белорусија, која подоцна станала дел од Литванско-Белоруска Советска Социјалистичка Република, преместувајќи го своето седиште на владата во Вилнус и Гродно[5], но престанала да постои окупирањето на целата белоруска територија од страна на полските и болшевичките сили за време на Полско-советската војна[2]. Во моментов, нејзината влада во егзил, Рада, е најстарата влада која сè уште функционира.