Белоруска арабица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Белоруската арабица е верзија на арапското писмо која се користела за запишување на белорускиот јазик. Арабицата се користела во 16 и најверојатно XV век. Азбуката имала 28 графеми, вклучувајќи и дополнителни букви кои се вовеле специјално за запишување на некои карактеристични белоруски гласови. Ова писмо било користено од Татарите-Липки кои биле доселени во Белорусија. Во периодот од XIV до XVI век Татарите започнале да го користат старобелорускиот јазик наместо својот татарски.