Бестежност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бестежност, или недостиг на "тежина', е отсуството на стрес и напрегање, што резултира од влијанието на механичките сили, обично нормалните сили од подови, седишта, кревети, скали и слично. Истородното гравитациско поле не предизвикува само од себе стрес или притисок и тело кое се наоѓа во слободен пад во таква средина е во состојба на бестежност. Овој поим е исто познат и како „нулта гравитација“.
Кога тела се во контакт со без-гравитациски сили, како во центрифуга, вртечка вселенска станица, или во рамките на вселенски брод со отпуштање на ракети, се појавува тежина, како резултат на силите од движечкото тело кои пробуваат да ја преминат инерцијата на телото. Во такви случаи, чувство на тежина може да има, дури и ако гравитациското поле е еднакво на нула. Во такви случаи, гравитациските сили се чувствуваат и телата не се бестежни.
Кога гравитациското поле е разнородно, врз телото во слободен пад влијаат климатски ефекти и има појава на притисок. Близу до црна дупка, овие ефекти можат да бидат многу силни. Во случај на Земјата, ефектите се мали, особено на објекти со релативно мала димензија (како што е човечкото тело или вселенски летала). Оваа состојба е позната како микрогравитација.