Битка кај Аламо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битка кај Аламо (23 февруари-6 март, 1836) — клучен настан во Тексашката револуција.По 13-дневната опсада,трупите на Мексико под команда на генерал-претседател Антонио Лопес де Санта Ана го започнале нападот врз мисијата од Аламо во близина на Сан Антонио де Беар (денешен Сан Антонио,Тексас).Сите,освен двајца бранители на Тексас,биле убиени. Забележаната немилосрдност кај Санта Ана во текот на битката,поттикна многу населеници на Тексас и авантуристи од САД да стапат во Тексашката војска.Водени од желбата за одмазда ,на 21 април 1836 година,Тексашаните ја поразија мексиканската војска во Битката кај Сан Хасинто,ставајќи ѝ крај на револуцијата.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Битка кај Аламо | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Тексашката револуција | |||||||
Аламо, насликано во 1854 г. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Мексико | Република Тексас | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Antonio López de Santa Anna | William Travis † James Bowie † |
||||||
Сила | |||||||
2,400 | 182–260 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
400–600 killed or wounded | 180–258 killed |
Неколку месеци претходно,Тексашаните ги избркаа сите трупи на Мексико надвор од мексиканскиот Тексас.Во тоа време,околу 100 Тексашани беа заштитени кај Аламо.Тексашката воена сила малку се зголеми со пристигнувањето на засилувања водени од команданти-помошници Џејмс Боуви и Вилијам Б.Тревис.На 23 февруари,како прв чекор во воената операција за повторното освојување на Тексас,околу 1.500 мексикански трупи маршираа кон Сан Антонио де Беар. Во следните 12 дена, двете војски се впуштија во неколку престрелки со минимален број на жртви.Свесен дека неговиот гарнизон не би можел да издржи напад од страна на толку голема воена сила,Тревис напиша многубројни писма во кои молеше за повеќе мажи и резерви,но само помалку од 100 засилувања пристигнаа.
Во раните утрински часови на 6 март,мексиканската војска се приближи кон Аламо. Откако два напади беа одбиени,Тексашаните не беа во можност да го одбегнат третиот напад.Како што мексиканските војници се искачуваа по ѕидовите,така повеќето тексашки војници се повлекуваа кон внатрешноста.Бранителите кои не можеа да пристигнат до овие места беа убиени од страна на коњицата на Мексико,додека се обидуваа да побегнат. Можно е да се предале од 5 до 7 Тексашани,и доколку било така,тие бргу биле погубени.Според изјавите на сведоците имало од 182 до 257 мртви Тексашани,додека повеќето историчари се согласуваат дека од 400 до 600 Мексиканци биле убиени или ранети.Неколку заднинци беа испратени во Гонсалес да кажат на луѓето за поразот на Тексас.Вестите предизвикаа паника и поради тоа,Тексашката војска,повеќето доселеници и Владата на новосоздадената Република Тексас побегнаа од Мексиканската војска која беше во налет.
Во Мексико,битката често беше засенета со настани од мексиканско-американската војна која траеше од 1846 до 1848 година.Во XIX век Тексас,комплексот на Аламо постепено стануваше познат како место на битка отколку некогашна мисија.На почетокот на XX век,законодавната власт на Тексас го купи земјиштето и градбите, и ја означи капелата на Аламо како официјално светилиште на државата Тексас.Денес,Аламо е најпознатото туристичко место во Тексас. Почнувајќи од 1843,Аламо послужило како тема за многубројни дела од научно-стручната литература.Сепак,повеќето Американци повеќе знаат за Аламо од митовите кои се расприкажани од страна на многу филмски и телевизиски адаптации, вклучувајќи ја и мини серијата Дејви Крокет на Дизни од 1950-те години и филмот Аламо на Џон Вејн од 1960 година.