Битка кај Фокеја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката кај Фокеја — вооружен поморски судир кој се случил на 12 мај 1649 година, во пристаништето на Фокеја, Смирна помеѓу венецијанската сила од деветнаесет воени бродови под команда на Џакомо да Рива и отоманската сила од единаесет воени бродови, десет галеаси и седумдесет и две галии, при што битката резултирала со огромна победа за венецијанската флота. Битката претставува дел од Критската војна од 1645 до 1669 година помеѓу Венецијанската Република (заедно со нејзините сојузници, витезите од Малта, Кралството Франција и Папската држава) и Отоманското Царство за доминацијата на различни територии во Средоземното Море. Војната била една од серијата војни меѓу двете завојувани сили, кои се натпреварувале за контрола на Јадранските и Средоземните трговски патишта. Примарната територија што била оспорена за време на војната бил островот Крит, најголемиот и најпрофитабилен од прекуокеанските територии на Венецијанската Република. Битката дошла откако ескадрила венецијански бродови под команда на Џакомо да Рива, венецијански адмирал, дошла на помош на венецијанските сили кои ги блокирале Дарданелите, и откако блокадата наишла на неочекувани временски услови, многу бродови потонале како резултат на тие временски услови.[1]
|
||||||||||||||||||||||||||||||
Адмиралот да Рива се обидел да ја спречи отоманската флота која пловела кон Крит и чија цел била да ги засилат отоманските сили кои го опсадувале островот. За да ја зајакне својата флота пред да се зафати со Османлиите, да Рива ангажирал неколку англиски и холандски вооружени трговци, ветувајќи им на нивните капетани дека ќе им ги надомести сите штети или жртви што ќе ги претрпат. Венецијанската флота испловила кон пристаништето, со намера да ја уништи османлиската флота додека таа била заробена. Кога Османлиите виделе дека венецијанската флота напредува, пред влезот на пристаништето биле поставени десет галеаси за да ги покријат другите бродови. Венецијанците лесно ги пробиле галеасите, а интензивната борба започнала и траела четири часа, при што венецијанските (и изнајмените) воени бродови се судриле со османлиската флота и лесно ги совладале со супериорна огнена моќ. Османлиите направиле храбра одбрана, но не можеле да ги спречат Венецијанците да уништат значителен дел од флотата. И покрај огромната победа, таа не била целосна, а османлиските поморски сили можеле да отпловат до Крит за да донесат засилување, при што Крит паднал во рацете на Османлиите две децении подоцна.[1]